Десет години затвор за екс началникот на военото разузнавање на Италија

Поранешниот началник на военоразузнавачката агенција на Италија, Sismi е осуден во вторникот на десет години затвор поради учество во грабнувањето на египетскиот муслимански верски лидер во операција која во Милано ја изведе американската централна разузнавачка агенција CIA.

 
Судот во Милано го прогласи Николо Полари виновен за учество во грабнувањето на имамот Абу Омар во Милано во 2003 година и го осуди на десетгодишна затворска казна, додека неговиот заменик Марко Манчини доби девет години затвор. Во отсуство на седум години затвор е осуден поранешниот шеф на канцеларијата на CIA во Италија, Џефри Кастели, како и други двајца американски функционери на разузнавањето
Судот, исто така, одлучил на имамот да му биде исплатена отштета во износ од милион евра, а на неговата сопруга од 500 илјади евра.
Адвокатот на Полари најавил жалба на пресудата.
Египетскиот имам Осама Хасан Мустафа Наср, попознат како Абу Омар беше грабнат на улица во Милано и префрлен во Египет на испитување, каде што, како што тврди, бил измачуван седум месеци. Во времето на грабнувањето, тој имал дозвола за престој во Италија.
Абу Омар бил грабнат во рамките на ткн „вонсудски апсења” кои се спроведувани во текот на американската кампања на администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во „војната против тероризмот”.
На поранешниот шеф на римската филијала на CIA, Џефри Кастели и на двајцата сообвинети им се судеше во отсуство и малку е веројатно дека ќе ја отслужат казната, но можеби нема да можат да патуваат во Европа поради опасноста да бидат уапсени и екстрадирани на Италија.
Претходно на 1-ви февруари миланскиот Апелационен суд ја поништи одлуката на провостепениот суд кој тројцата обвинети ги ослободи на основа на дипломатскиот имунитет.
Кастели беше меѓу 26-те државјани кои италијанските власти ги обвинија за грабнувања во 2003 година. Италијанскиот Врховен суд во септември 2012 година ги потврди казнените пресуди за грабнувањето за 22-ца агенти на CIA и за еден пилот на американското воено воздухопловство
Mакфакс
Поранешниот началник на военоразузнавачката агенција на Италија, Sismi е осуден во вторникот на десет години затвор поради

Пронајдете не на следниве мрежи: