Како што дознава Инфомакс попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје.
Според инфромациите на Инфомакс цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.
- Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција во СДСМ
- Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна состојба поради енергијата и водата
- Нуклеарна војна, вирус и „проблемот со спојувалките“: Како целата вештачка интелигенција е закана за човештвото
- (Фото) Сиљановска-Давкова ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“
- (Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк: Македонците сплотени за независноста
- Трамп повторно ја објави мапата: Овој пат го нарече Ормутскиот теснец „Трамповиот теснец“
- Како Израел ги игнорираше предупредувањата на разузнавањето за нападот на Хамас на 7 октомври: Тие тврдат дека разговорите не се случиле
- „Бракот не е она што го посакував, не сакав да се мажам ниту првиот пат“
- 12:05 за промени во СДСМ: Филипче е единствената гаранција за долго владеење на Мицкоски
- Колку долго мажот може да издржи без секс? Одговорот ќе изненади многумина
Во рок од неколку месеци веќе втор пат се случува обид за негово убиство, а она што е интересно е што се повторува на истата локација во кругот на Ист Гејт.
Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
Во моментов во кругот на Ист Гејт Мол има поголемо полициско присуствуво кое го обезбедува периметарот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



