Престрелка попладнево се случила во центарот на Куманово на паркинг кај улицата Борис Кидриќ. Неофицијално, во престрелката повредено е најмалку едно лице со иницијали Т.С. инаку сопственик на менувачница. Неофицијално лицето кое пукало е со иницијали М.С.
И од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.
Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.
– По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје – изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



