Дефанзивците му задаваат главоболки на Вилмотс

Марк Вилмотс, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија ќе има проблеми да ја состави дефанзивната линија на тимот за натпреварот со Македонија, кој ќе се одигра во петок на 22.март.Најмногу главоболки на Вилмотс му задава повредата на капитенот Венсан Компани, кој поради повреда паузира од јануари, а неодамна се врати во тренажниот процес.Компани е со репрезентацијата, но тренира одвоено, а неговиот тренер во Манчестер Сити, Роберто Манчини побарал од Вилмотс дефанзивецот воопшто да не биде во комбинација за дуелите со Македонија.Како што пренесува „hln.be“, белгискиот селектор пак изјавил дека до петок има доволно време и дека во текот на неделата ќе реши дали Компани ќе игра во Скопје.Надвор од комбинација за дуелите во Скопје и Брисел е и дефанзивецот на Зенит Николас Ламбертс, негова замена е фудбалерот на Стандард, Желе Ван Дам, додека стандардниот десен бек Гијом Жиле нема да игра во Скопје, но најверојатно ќе конкурира за место во тимот на натпреварот кој ќе се игра во Брисел.Проблеми на Вилмотс му задава и Насер Чадли, тој пресрет на дуелите со Македонија има одиграно само еден натпревар, откако викендов се врати во тимот на Твенте по долгата пауза поради повреда.Добра вест за Вилмотс е што Маруан Фелаини кој има проблеми со глуждот на десната нога, во саботата без проблеми го одигра мечот Евертон-Манчестер Сити и тој целосно ќе биде подготвен за гостувањето на „Филип Втори“.Белгија во Скопје ќе гостува во петок, додека ќе и биде домаќин на Македонија на 26.март.
МакфаксМарк Вилмотс, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија ќе има проблеми да ја состави дефанзивната линија на

Пронајдете не на следниве мрежи: