Децата во Индија ги силуваат роднини, соседи и пријатели

Бруталното силување на студентка во Индија во декември доведе до масовни протести во оваа земја, а сè почести се пријавите за сексуално злоставување, но се откриваат и јавните тајни за силување и малтретирање жени и деца.Според податоците на Human Rights Watcha, во Индија чести се физичките и сексуалните злоставувања на деца, додека полицијата место да го спречи тоа, ги злоставува и ги понижува жртвите.
Сексуалното злоставување во индиското општество не е ништо непознато, додека владините системи за справување со тој проблем се неадекватни.Истражувањето во 2007 година покажало дека две од три деца во Индија е физички злоставувано, а 53 отсто од испитани 12.300 деца пријавиле дека се и сексуално нападнати.Други истражувања покажуваат дека годишно 7.200 деца, меѓу кои и бебиња, се сексуално злоставени.Се претпоставува дека бројот на силувани деца е многу поголем, затоа што не се пријавуваат овие кривични дела.Неделава во Делхи објавена е студија „Прекин на молкот: Сексуално злоставување деца во Индија“ во која се наведува дека властите, не само што не успеваат да ги заштитат жртвите од сексуално злоставување, туку и не прават ништо да им помогнат.„Децата кои ќе се пожалат на силување, полицијата, лекарите и останатите надлежни најчесто ги игнорираат“, вели Менакши Гангули, претседател на организацијата Human Rights Watch за Јужна Азија.Во извештајот се наведува дека децата поминуваат низ дополнителна тортура и злоставување одејќи на трауматични прегледи кај лекарите кои не сакаат да го прифатат фактот дека детето е злоставувано.Иако властите имаат сериозна намера да се зафатат со проблемот, за да ги заштитат децата, Human Rights Watch наведува дека тоа нема да биде можно без потполна реформа.Имено, децата најчесто се злоставувани од роднини, соседи, пријатели на родителите или се злоставувани во училиште, во домовите за деца без родители и повеќето случаи никогаш не се пријавуваат, затоа што за родителите тоа е срамота.Инаку, индискиот парламент, дури лани, ги прогласи сите облици на сексуално злоставување на децата за казнено дело.Сепак, активистите сметаат дека самиот закон не може многу да промени. Потребно е менување на ставовите и начинот на размислувањето на луѓето, полицијата, лекарите, но и претставниците на власта
МакфаксБруталното силување на студентка во Индија во декември доведе до масовни протести во оваа земја, а сè почести се пријавите за сексуалн

Пронајдете не на следниве мрежи: