ДЕЦА РАЃААТ ДЕЦА: Лани во Македонија се породиле 17 девојчиња кои немале наполнето ниту 15 години

Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.
Минатата година во земјава се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени 18.073, а мртвородени 110.

-Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика.
Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.