Дејвид Бекам објасни зошто ја бакнува својата 11-годишна ќерка во уста: „Само едниот син не го бакнувам бидејќи мислам дека тоа е чудно“

Дали сте знаеле дека бакнувањето на детето во уста потенцијално може да доведе до кариес, да предизвика алергиски реакции и потполно да го збуните, што може да предизвика детето да не го разбере концептот на личните граници?

И покрај потенцијалните ризици, познатите личности како Дејвид Бекам упорно споделуваат слики како ги бакнуваат своите деца во уста. Иако се критикувани за оваа практика, многу родители ја гледаат како безопасен начин на изразување љубов.
Откако неговите следбеници го критикувале за овој чин, тој се огласил: „Јас сум многу нежен со моите деца. Вака јас и Викторија ги воспитуваме сите наши деца. Сакаме да им покажеме колку ги сакаме. Ме критикуваат што ја бакнувам ќерка ми во уста. Ги бакнувам сите мои деца во уста. Бруклин можеби не, тој има 24 години и мислам дека би било чудно за него“.

Дејвид Бекам имал 23 години кога го добил својот прв син и покрај неговата кариера, децата и семејството секогаш му биле на прво место. Фудбалерот секогаш се трудел да има време за нив.
„Мислам дека со децата побрзо созреваш. Животот се врти околу децата. Мислам дека учиш дека како татко – стануваш помалку важен, а сè се врти околу твоите деца”, објаснува тој.

Според Бекам, ниту едно од неговите четири деца не изразило желба да оди по неговите стапки и тој целосно го поддржува нивниот избор. „Ниту едно од моите деца не сака да биде фудбалер во моментов. Тоа е во ред, не сакам никого да присилувам на ништо. Важно е да им покажеме на децата љубов, поддршка, охрабрување. Секогаш сме ги поддржувале нашите деца во сè што сакаат “, тврди тој.
Сепак, психолозите предупредуваат дека бакнувањето на детето во усните може да ги збуни децата, па дури и да ги поттикне да се однесуваат слично со другите возрасни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.