четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДЗС-Mакедонија: Трошоците за живот во мај 2025 година се зголемија за 1,5%

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија, трошоците за живот во мај 2025 година се зголемиле за 1,5% во споредба со април.Ова зголемување е главно предизвикано од зголемувањето на цените на храната и безалкохолните пијалоци, кои бележат зголемување од 4,1%.Покрај храната, зголемување на цените е забележано и кај разни стоки и услуги (1,5%), алкохолни пијалоци, тутун (0,8%), облека и обувки (0,5%), како и кај рекреација, култура, мебел и одржување на домаќинствата. Помали зголемувања на цените се забележани и во категориите домување, здравство и енергија.Од друга страна, граѓаните почувствуваа олеснување во транспортот, каде што цените се намалија за 3,6%, а мало намалување е забележано и во угостителските услуги (ресторани и хотели) и комуникациите.Во споредба со истиот месец минатата година, во мај 2025 година е забележана инфлација од 3,3%, што значи дека цените се зголемиле за толку во просек во текот на една година.Индексот на малопродажни цени, пак, покажува зголемување од 1,6% на годишна основа, додека месечното зголемување во однос на април е минимално – 0,2%. Иако некои производи и услуги поевтинија, целокупната слика покажува дека животот продолжува да станува поскап, особено кога станува збор за основни трошоци како што е храната.

Поврзани вести