Диетата што не се држи повеќе од 4 дена

Најчестата тема за разговор меѓу жените е секако – брзите диети. Постојат голем број на диети и режими на исхрана кои нудат различни методи и различна храна, со чија помош многу брзо се топат мастите. Но, секогаш треба да бидете внимателни со ваквите диети, бидејќи секогаш постои опасност од јо-јо ефект. Овој пијалак е исклучително ефикасен и многу едноставно се приготвува. Само треба да ги следите следните инструкции:
Потребни состојки: 8 чаши вода, 1 лажиче ѓумбир во прав, 1 средна краставица, излупена и исечкана на парчиња, 1 среден лимон исечен на парчиња, 12 свежи листови нане и 1 лажиче сушено нане.
Постапка: Пијалакот треба да го приготвите одвечер: во еден бокал ставете вода, додадете ги другите состојки, промешајте и оставете во фрижидер. Во текот на денот треба да испиете најмалку 4-5 чаши од овој напиток. Покрај тоа, потребно е да ја намалите количината на оброците и правилно да ги распоредите во текот на денот. Од витално значење е да имате и некоја физичка активност, барем по 20 минути дневно.
Напомена: бидејќи овој режим бара големо намалување на количината на порциите, не треба да се држи повеќе од 4 до 7 дена. Напитокот можете  да продолжите да го пиете и по престанокот на диетата. Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.