Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во своето во емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека шурува со поранешното раководство на СДСМ, односно со Зоран Заев.
-Актуелното раководоство на ВМРО-ДПМНЕ кое што дефинитивно разговара со поранешното раководство на СДСМ, значи тотално непринципиелни работи кои што се случуваат на македонската политичка сцена и тоа значи дека сериозно се манипулира. Првично и со сопственото членство во политичките партии, а потоа и со граѓаните на државата, вели Димитриевски.
Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Александар Николоски со Венко Филипче за која се уште нема објаснување од опозицијата.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред неколку дена преку објава на својот фејсбук-профил го обвини актуелниот претседател на неговата партија, Христијан Мицкоски, дека имал тајна соработка и заеднички планови со претходниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
„И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојузништво со З.Заев. Јас кога заминав тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот ‘џелат’ на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека ‘Сичките сме сшти’, ‘един народ сме’ итн. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е најкорумпираниот политичар, предавник“, пишува Груевски.
Димитриевски по однос на измените на Кривичниот Законик напомена дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ направила кворум за измените на КЗ и дека ракописот на двете партии е во тие измени.
-Ракописот на Кривичниот Законик е на опозицијата и на позицијата. Зошто? Затоа што немаше квалификувана мнозинство тој ден во парламентот, тоест немаше кворум. Јас бев тој ден во Собрание кога се гласаше овој фамозен закон бидејќи не поканија сите градоначалници во име на Зелс да разговараме за нашите проблеми со комисијата за Локална самоуправа и видов лично што се случи таму. Сум бил член на Собранието и знам како се обезбедува кворум. Опозцијата обезбеди кворум, вели Димитриевски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.