ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО ПРАГА! ОСТАР КОНФЛИКТ НА ЕРДОГАН И МИЦОТАКИС: Турскиот претседател им се заканувал на Грците, ја напуштил вечерата по конфликтот!

На Самитот на европската политичка заедница во Прага дојде до голем конфликт меѓу премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и турскиот претседател Таип Ердоган.

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ВО ПРАГА! ОСТАР КОНФЛИКТ НА ЕРДОГАН И МИЦОТАКИС: Турскиот претседател им се заканувал на Грците, ја напуштил вечерата по конфликтот!

Иако се очекуваше дека конфликтот ќе се случи меѓу Белград-Приштина или Азербејџан-Ерменија, тој прво беше почна помеѓу Турција и Грција.

Ердоган постапи грубо со неколку закани упатени кон Грците. После тоа Мицотакис стана и пред сите го предупреди дека не може да се заканува на суверена држава, членка на Европската унија – јавува Блиц од дипломатски кругови.

По расправијата, според нашиот соговорник, Ердоган ја напуштил вечерата.

Долготрајните тензии меѓу двата сојузници на НАТО, но историски непријателски еден кон друг, неодамна повторно се разгореа бидејќи двете земји меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорите и провокации, објави Ројтерс.

Ердоган ја обвини Грција за „злосторства против човештвото“ поради нејзиниот третман кон бегалците и окупацијата на некои острови во Егејското Море кои имаат демилитаризиран статус. Атина, од друга страна, ја обвинува Анкара дека го оспорува грчкиот суверенитет над островите и го искористува прашањето за миграцијата, обвинувајќи го Ердоган за „запаливи“ изјави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.