Директорката на Клиника за детски болести си поднесе оставка

Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катерина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата.
Информацијата за ТВ 24 ја потврди и министерот за здравство, Венко Филипче.
Оставката Ставриќ ја поднела уште пред изборите, поради лични причини.


На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.