Директорот на Левис, Чип Берг, покренал расправа кога своевремено во интервју признал дека омилениот пар фармерки не ги испрал десет години.
„Доколку разговарате со вистински љубители на фармерки, тие ќе ви кажат дека никогаш не би требало да ги ставите во машина“, рекол тој.
Сепак, во разговор за Independent претставникот за медиумите од Левис посочил дека еднаш месечно е вистинската „мерка“ за перење на фармерките, за тие да изгледаат и мирисаат посвежо.
Првите фармерки се направени во 1873-та година за потреба на рударите и работниците во Западна Америка. Затоа и никогаш не било потребно да се перат толку често.
Најдобар начин за перење и сушење фармерки
Од Левис советуваат при перење во машина, фармерките да ги превртите наопаку и да не ги перете со темна облека. Не користете силни прашаци и избегнувајте омекнувач, бидејќи само така ќе го сочувате нивниот оригинален изглед.
Немојте да ги сушите на грејно тело, туку оставете ги природно да се исушат.
Само на овој начин вашите фармерки со години ќе изгледаат добро.