Дискусиите кои ги имавме беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата

Преку „Фејсбук“ Гордана Сиљановска Давкова му ги честиташе освоените гласови на Блерим Река и му порача дека ѝ беше чест да учествува на претседателските избори заедно со него, нејзиниот колега.
– Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река.
Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата.
Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг, напиша Сиљановска Давкова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.