четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДКСК ги објави имињата на градоначалниците кои не поднеле анкетен лист во законскиот рок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Државната комисија за спречување на корупцијата објави списоци со имиња на градоначалници кои не поднеле изјава за имотната состојба.
На едниот список се имињата на градоначалниците на кои функцијата им престанала, а на другиот имињата на новоизбраните градоначалници.

Според објавените списоци, анкетен лист за имотната состојба не поднеле досекорешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, како и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски.
Меѓу оние кои  по изборот не поднеле анкетен лист до законски утврдениот рок се наоѓаат 19 градоначалници и тоа на Виница, Крушево, Струга, Кичево, Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров, Гевгелија, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Пехчево, Сопиште, Штип, Арачиново, Желино, Липково и Чашка.

Поврзани вести