Печената фета со оригано и чили пиперка ќе биде одличен додаток на секое јадење.
Доколку сакате да направите прилог кој ќе го подобри вкусот на вашето главно јадење, печената фета е вашиот вистински избор:
Состојки:
200 гр фета парче
чили пиперка
половина лажичка оригано
две лажици маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. На парче алуминиумска фолија ставете ја фетата, а одозгора наросете сечкана чили пиперка и оригано. Покријте со маслиново масло, завиткајте во фолија, ставете на тава и печете во рерна десет минути. Послужете додека е топло.