Договорот за Брегзит е 95 насто готов, но граѓаните се пишманат

Британската премиерка Тереза Меј синоќа изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Европска Унија е 95 проценти готов, додека најновата анкета покажува дека 54 насто од Британците би гласале за останување во Унијата.
Меј е убедена дека решението за Северна Ирска, кое во моментот е точка на несогласување во преговорите за Брегзит, ќе биде пронајдено до рокот за постигнување договор, што истекува во месец март 2019. година.
Резултатите од анкетата нарачана од телевизијата “Канал 4“ покажуваат дека ако повторно се гласа за излез од Европската Унија само 46 насто од Британците би ја поддржале таквата одлука. За разлика од овие резултати на референдумот одржан во јуни 2016. годиниа, кога одлуката за Брегзит беше донесена 51,9 насто од гласовите беа “за“ и 48,1 проценти “против“ излегување од Унијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: