Додека чека да му вратат 1,5 милиони евра, Боки 13 окован во злато и свила! Шоуменот носи накит од 17.650 евра на раката: Луксуз на сите страни (ФОТО)

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој неодамна беше ослободен од обвинението за аферата „Рекет“, ужива во слободата, и тоа, би рекле, за сите пари.Тој со децении е познат како некој кој не штедеше на дизајнерски ткаенини и додатоци, а сега со едно селфи направи вистински хаос на социјалните мрежи.Боки 13 му се врати на луксузниот начин на живот, па сега по фотографијата со луксузно „биркини“ од автомобилот покажа и скап накит.Така во селфито Боки носи: две нараквици од жолто злато – од 8.000 евра и 8.650 евра, како и „van klif & arpels“ од бело злато и бисер – 4.500 евра, а има уште една од истата марка – оникс од 4.500 евра. Се на сè, Боки 13 на рака има 17.650 евра.Да потсетиме, Боки 13 извесно време помина во затвор и му се судеше во аферата „Рекер“, но најпрвин беше пуштен да се брани од слобода поради здравствени причини, а потоа Апелација донесе пресуда против него. Имено, бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да ги плати трошоците за тужбата на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и Катица Јанева.Апелација во целост ја потврди пресудата на судијата на Граѓанскиот суд, Андреј Димовски, кој ја одби тужбата на Камчев со која се бараше враќање на 1,5 милиони евра за случајот „Рекет“.Сега Камчев ќе треба да им плати отштета на Боки и Јаница, како и судските трошоци што ги предизвика со тужбата.Споменатите наводи ги потврди и самиот Јовановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: