ДОДЕКА ЈА ПРОСЕШЕ ДЕВОЈКАТА ТАА СЕ ПОЈАВИ: Направи ОПШТ ХАОС (ВИДЕО)

Елизабет Џордан на социјалните мрежи објави кратко видео од одморот во Рејкјавик, Исланд. Видеото започнува така што парот позира пред живописен водопад, а потоа женски глас вели:

Погледнете како оваа жена ми ја расипува свршувачката.

ДОДЕКА ЈА ПРОСЕШЕ ДЕВОЈКАТА ТАА СЕ ПОЈАВИ: Направи ОПШТ ХАОС (ВИДЕО)

На видеото се гледа како мажот ненадејно се спушта на едното колено и вади кутија во која има прстен. Жената, сфаќајќи што се случува, шокирана ја става раката на лицето.

Меѓутоа, овој романтичен момент го „расипал“ турист кој му згазнал на нозете на мажот додека се обидувал да ја фотографира сцената зад нив. Сепак, тоа само ја насмеа оваа среќна двојка. Девојката постојано кажувала „да“, а туристот продолжил да ја снима сцената и не се мрднал.

Клипот кој беше објавен пред само неколку дена веќе стана вистински хит и собра повеќе од 60.000 лајкови. Многу коментатори заклучиле дека жената точно знаела што прави со тоа што го расипува запросувањето.

„Таа го направи тоа намерно. Можеби само сакаше да биде вклучена во се“, „Таа точно знаеше што се случува во тој момент и го направи тоа намерно“, се само дел од коментарите, пренесува The Sun.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.