Општинска награди за 2022 доби Амбасадата на Полска во државава, за долгогодишната соработка со Општина Градско и градинката во Градско и посебно заради помошта во систем на котел за парно затоплување што Амбасадата неодамна ја финансираше за градинката каде престојуваат 40 деца.
Благодарница доби и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес заради придонес на стратегијата латви за социјално сервисна услуга живеење со поддршка што е крајна дестинација на процесот деинституционализација на лицата со попреченост од Специјалниот Завод во Демир Капија во Мали Групни домови во Градско и Велес, а наградата ја прими претседателката на ова здружение Далиборка Златева.
Благодарница 16 декември доби и Благоја Станишевски – Буте малостопанственик занаетчија, пионер во малото стопанство во Градско кој пред 20 години ја отворил својата фирмата за мебел по нарачка. Тој доби благодарница заради неговите заложби за развој на малото стопанство во Градско и квалитетот во извршување на работите.
Градоначалникот Нацков во обраќањето потенцира дека во својот едногодишен мандат најмногу се грижел за најмладите и за ранливите групи, работел на создавање услуги за развој и урбанизација, изградба на солидна инфраструктира, патишта и канализација, еколошка заштита и современ образовен процес и издигнување на културните вредности на Општина Градско.
Тој појасни дека не може да се пофали со полна општинска каса, но потенцира дека заедно со Советот успеале да го преструктуираат буџетот на општината и да ги избришат непродуктивните ставки, да ги смали трошоците и да ги пренамени за децата во градинките и учениците.
Нацков се пофали дека се единствената општина во земјава каде има бесплатен престој во градинка за секое дете што сака престој во градинка.Оваа можност сега ја искористиле и ја користат 40 деца, а кои се сместени во градинката во Градско. Градинка, како што рече, има најсовремени услови за престој и едукација на најмалите, а има и најново парно затоплување со комбиниран котел.
Општината годинава обезбедила и стипендија за еден талентиран основец, средношколец и студент.
Свеченоста беше збогатена со малиот виртуоз на хармоника ученикот Александар Пелевски и македонската музичка ѕвезда Адријана Јаневска со македонски евергрин шлагери.
Претходно денеска на шеталиштето во центарот на Градско првпат се одржа базар насловен „Срцето на Македонија“ за дегустација на домашни производи, здрава храна, винопроизводство и ученички ракотворби на кој учествуваа 10-тина претставници од Градско, Виничани и други села од Општина Градско.
На базарот имаше и продажба на лековити билки и масти и новогодишни украси и честитки рачно изработени од членовите на велешкото Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености.Собраните парични средства од нивна продажба се од хуманитарен карактер и ќе бидат наменети за живеење на лицата од малите групни домови во Градско.
Ученици од ООУ „Даме Груев“, пак, на штафелеј со акрил на платно сликаа културни знаменитисти од Градско и археолошкиот локалитет Стоби како и старата Железничка станица во Стоби која е еден од симболите на Градско, а која била урната на крајот на Втората Светска војна.
Исто така беше положено цвеќе на споменикот на Златко Владов на плоштадот кој го носи неговото име. Златко Владов е еден од војниците на ЈНА кои загинаа во 1991 година при распадот на Југославија.
Општината секоја година му оддава почит, а во негова чест плоштадот во Градско го носи неговото име „Златко Владов“.