Докажано е зошто посегнуваме по нешто благо додека го пиеме првото кафе

Според новото истражување, постои силна причина зошто овие две работи одат заедно.
Кофеинот може да го промени вашето чувство за слатко со зголемување на желбата за шеќер, па затоа станува повисока од вообичаеното, покажува новата студија, објавена во Journal of Food Science.
Немаше разлика дали кафето има кофеин
Истражувачите работеле со две групи волонтери и секоја од нив примала кафе, со и без кофеин, без да знаат каков вид на кафе добиле.
Од двете групи било побарано да додадат шеќер во нивните пијалоци и да оценат колку е сладок. Потоа учесниците биле замолени да ја оценат нивната ментална будност и да проценат колку кофеин има во нивните кафиња.
Без оглед дали пиеле кафе со кофеин или не, волонтерите рекле дека имаат исто ниво на будност, а мал број од нив можеле прецизно да го утврдат нивото на кофеин во нивните пијалоци.
Студијата докажува дека кафето има плацебо ефект
Врската помеѓу нашите вкусови и нашето чувство на будност доаѓа од хемикалија во нашиот мозок, позната како аденозин, што ни овозможува да ги смириме нервите и да се одмориме во текот на ноќта.
Кофеинот е оној што ги блокира рецепторите во мозокот за кој се врзува аденозин и дава спротивен ефект, поточно, го стимулира дејството.
Но, сето ова нема да ве спречи да уживате во вашиот сладок појадок и шолја топло кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.