На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна, по минатонеделниот раст од 0,45 проценти.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 99,72 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 100,04 поени.
Во исто време, девизниот курс на американската валута во однос на јапонската валута се лизна за 0,4 проценти, на 144,20 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото се зголеми за 0,3 проценти, на 1,1335 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, нагло паднаа откако ОПЕК во саботата одлучи да го зголеми производството во јуни. Цената на барел на лондонскиот пазар утрово потона за 3,70 проценти, на 59,05 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,05 проценти, на 55,95 долари.