Домашен сладок колач со јаболки: Здрав десерт со малку состојки, готов за неколку минути!

Овошните колачи на многумина им се омилени, а особено оние со јаболки.
Овој колач можете да го консумирате за појадок или ужинка, да го сервирате со чај или кафе.
Состојки
За тесто:
– 125гр. путер
– 300гр. брашно
– 100гр. пеќер
– 1/2 лажица прашак за пециво
– малку сол
– 1 јајце
– 30гр. овесни снегулки
За фил:
– 3-4 кисели јаболки
– 35гр. брашно
– 50гр. шеќер
– 1/2 лажица цимет
– морско оревче


Подготовка
Изматете го путерот со шеќерот, додадете го прашакот за пециво и малку сол. На крајот измешајте ги и јајцата.
Ставете хартија за печење врз плехот, ставете 2/3 од тестото со прстите на дното. Измешајте ја преостанатата третина од тестото со овесната каша и ставете ја на ладно.
Печете 15 минути на 180 степени, потоа извадете и оставете да се излади 5 минути. За тоа време излупете ги јаболките и исечете ги на коцки. Измешајте ги со брашно и шеќер. Истурете преку полупеченото тесто.
Останатата третина од тестото, измешана со овесната каша, изгмечете ја со раце и истурете преку филот од јаболки. Печете уште околу половина час, додека не добиете темно златна боја. Оставете да се излади во плехот за печење. Внимателно извадете со помош на хартијата за печење и пресечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.