Домашен чоко-ванила крем – постојано ќе го правите!

Одличен чоко-ванила крем без глутен и шеќер, од само неколку состојки.
СОСТОЈКИ:
250 гр млеко во прав
300 мл вода
100 гр путер
4 капки екстракт од ванила
3 лажици какао
2 лажици течен засладувач


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете вода, засладувач и екстракт да зоврие. Додајте путер и мешајте да се растопи. Оставете да се излади.
Ставете ја смесата во вангла, додајте млеко во прав, па соединете со миксер додека не се издробат грутките. Масата поделете ја на два дела и во едниот додајте какао. Ставете го кремот во тегла и оставете да се излади.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.