четврток, 26 ноември 2026
Најново

Домашни бисквити од сладок компир и путер со мед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во најновото видео на Tasty ќе погледнете неколку интересни рецепти за подготовка на бисквити од сладок компир зачинети со домашен путер со мед. Има и бонус рецепт за кифлички со мелено месо.
Подготовка за зачинетиот путер со мед: Изматете убаво неколку лажички несолен путер, а потоа додадете мед, ванила, цимет, сол и ако сакате, лут зачин. Повторно матете 2 минути, па ставете го путерот во пластична фолија за да се лади во фрижидер најмалку 2 часа.
Подготовка на бисквитите: Загрејте ја печката на 220 степени Целзиусови. Земете тава за печење и обложете ја со хартија за печење. Ставете го исчистениот сладок компир, исечен на коцки, во врела вода да се свари, околу 10 минути. Потоа оставете да се исуши и испасирајте со виљушка. Во длабок сад ставете брашно, шеќер, кафеав шеќер, сол, сода бикарбона и прашок за пециво. Додадете путер и замесете тесто. Потоа додадете го слаткиот компир и малку млеко, замесете тесто, обликувајте со рацете форма како во видеото.
Тестото исечете го на 8 ленти, намачкајте ги со стопен путер и печете 20 минути. Потоа оставете да се оладат околу десетина минути и сервирајте ги со зачинетиот путер.

Поврзани вести