ДОМАШНИ ЕКЛЕРИ

6 јајца

1 литар млеко

300 мл вода

150 мл масло

250 г брашно

200 г шеќер

200 г чоколада за готвење

Во тенџере на оган зовријте ги водата и маслото. Додадете 150 г брашно и мешајте со лажица додека тестото не почне да се одделува од тенџерето. Изладете го и матејќи со миксер додадете 3 јајца и 3 белки. Од смесата со лажица или шприц во тава  формирајте 25 еклери. Печете ги 25 минути на 200 степени, без да ја отворате рерната.

Преостанатите 3 жолчки, шеќерот и преостантите 100 г брашно измешајте ги со 250 мл млеко. Непрекинато мешајќи со лажица додадете ги во 750 мл зовриено млеко во тенџере на оган. Сварете густ крем и изладете го. Ако сакате кремот да е попенест додадете 1 изматен шлаг.

Исечете ги изладените еклери на половина, наполнете ги со крем и нанесете растопена чоколада.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.