Домашни ишлери

ЗА ТЕСТО
400 г брашно
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
2 жолчки
3 лажици какао
ЗА ФИЛ
6 јајца
300 г шеќер
200 г маргарин
1 ванилин шеќер
200 г чоколадо
3 лажици масло
Замесете тестото од брашното, маргаринот, шеќерот, какаото и жолчките. Со сукалка развлечете кора со дебелина од 1 сантиметар и со помала чаша извадете кругови. Наредете ги во тава прекриена со хартија и печете 20 минути на 180 степени.
Матете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека се соедини смесата. Варете го кремот, непрекинато мешајќи додека се згусне и изладете.
Маргаринот изматете го, додадете го изладениот крем и изматете го филот со миксер. Соединувајте по 2 испечени форми со филот и на нив нанесете го растопеното чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.