Домашните кифлички секогаш се популарни во македонската кујна, без разлика дали ги правите солени или благи – сите ги обожаваат.
Направете слична варијанта – кифлички полнети по желба како предлог за одличен појадок или вечера.
Состојки:
– 550 гр. брашно
– 250 гр. маргарин
– 1 кисела павлака
– 1 прашак за пециво
– 1 јајце
– крем, мармалад
– шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во длабок сад и замесете тесто. Покријте со крпа и ставете во фрижидер, да отстои околу 20 минути. Потоа растегнете го тестото, пресечете го на правоаголници со иста големина и на секој од нив ставете една лажичка крем или мармалад.
Завиткајте ги и наредете ги во претходно премачкана тава. Загрејте ја рерната на 180 степени, а за тоа време оставете ги кифличките да отстојат во тавата и уште малку да нараснат.
Печете околу 15 минути, но внимавајте кифлите да останат бели. Кога ќе се испечат, истурете им шеќер во прав.
На здравје.