Домашни кроасани со крем

Според историјата, првите кроасани настанале во Австрија за време на османлиската опсада на Виена во 1683 година. Пекарите ги забележале Османлииите кои се подготвувале за напад, па јавиле на австриската војска и така го спасиле градот. Во знак на сеќавање направиле кроасан и го обликувале според муслиманскиот симбол- полумесечина.
За појадок ви го препорачуваме следниот рецепт.
Потребни состојки:
15 гр. квасец
150 мл. вода
30 гр. шеќер
5 гр. сол
250 гр. брашно
180 гр. путер


Начин на подготовка:
Замесите тесто од квасецот, водата, шеќерот, солта, брашното и путерот. На набрашнета површина замесете го тестото. Формирајте го во квадрат и замотајте во фолија. Оставете во фрижидер 15 минути.
На хартија за печење ставете 130 гр. путер. Формирајте го во квадрат со величина 15 на 15 центиметри и замотајте во хартија за печење па расукајте. Оставете го 10 минути во фрижидер за да се стегне.
Извадете го тестото. Расукајте го по ширина. Направете калап за сечење кроасани. Расукајте го тестото по должина. Тестото развлечете го до дебелина од 4мм. Со помош на калапот исечете триаголници. Расукајте го тестото и мотајте со најширокиот крај кон најкраткиот.
Премачкајте ги со белка од јајце. Оставете ги 60 минути во затворена рерна на температура од 24 до 28 степени или 2 часа на собна температура. Повторно премачкајте ги со белка од јајце.
Печете ги 15 минути во загрејана рерна на 180 степени. Додека се топли, ставете чоколадни трошки одозгора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.