петок, 13 ноември 2026
Најново

Домашно италијанско предјадење: Брускетите се подготвуваат брзо и лесно, а сите состојки ги имате во кујната

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Брускетите се едно од омилените италијански предјадења. Идеални се за ужина или лесен оброк. Се подготвуваат брзо и се одличен избор доколку сакате да ги подготвите за вашите пријатели.
Имате време да ги подготвите кога ќе дојдат и ненајавени гости. Еве како да ги направите.


Состојки:
– Парчиња леб;
– Маслиново масло;
– Босилок;
– Домат;
– По избор лук и сол.


Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и распоредете ги во сад за печење на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете ги 6 минути на 180 степени. За тоа време исечете го доматот и помешајте го со босилокот и по избор лук. Кога ќе го извадите лебот во рерната, распоредете ја смесата на парченцата. Вратете ги во рерна да се печат уште 6 минути.

Поврзани вести