четврток, 12 ноември 2026
Најново

Досега требаше да го научиме Законот за знамињата, му порача Заев на Османи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По толку години зборување за Законот за употреба на знамиња, треба да го научиме, му порача премиерот Зоран Заев на Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции. Османи изјави дека албанското знаме може да се постави насекаде низ земјата, на што Заев му одговори дека Законот за знамиња прецизно предвидува во кои услови тоа може да се вее.
– Законите во нашата земја се јасни и прецизни и тие треба да се почитуваат, се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности и со кои димензии, една третина наспроти две третини си има обележје како тоа се користи. Постојат закони, после толку години зборување за знамето, се научивме и треба да се научиме – рече премиерот Заев во врска со настанот во Охрид кога фолклорна група го развиори албанското знаме на Самоиловата тврдина, а судија на претходна постапка го казни со 1.100 евра и забрана за влез во државата 50 – годишниот Ѓерг Прекоцај, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.

Поврзани вести