сабота, 14 ноември 2026
Најново

Доха во пламен, паѓаат ракети: Втор ден од ужасниот напад на Иран врз Катар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Главниот град на Катар беше потресен од хаос и паника откако одекнаа повеќе експлозии синоќа и утрово . Според снимките што се раширија како шумски пожар на социјалните мрежи, густ црн чад се издига над индустриската зона во Доха.

Локалниот медиум „Доха њуз“ објави шокантни снимки – густи облаци од чад го затскриваат небото над патот, додека детонациите одекнуваат во позадина.

Ова е веќе втор ден од последователните напади, Иран лансираше ракети врз американската воздухопловна база Ал Удеид.

Вознемирени граѓани можат да се видат на улиците, а првите спасувачи и пожарникари веќе пристигнаа на местото на еден од иранските напади .

Снимките го покажуваат брзиот одговор на службите за итни случаи во хаосот. Ситуацијата останува напната, а населението е во состојба на зголемена готовност бидејќи чадот продолжува да се издига над Доха.

The post Доха во пламен, паѓаат ракети: Втор ден од ужасниот напад на Иран врз Катар appeared first on Во Центар.

Поврзани вести