Две коли, паркирани во скопската населба Ново Лисиче, вчера изгореле во пожар кој избувнал во едниот од автомобилите, соопшти МВР.
„На 13.05.2025 во 01:46 часот во СВР Скопје била пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(49) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема,“ се вели во полициското соопштение.



