Летовите на вториот најголем аеродром во Белгија, Шарлероа се прекинати поради дојавата за бомба во авион на „Рајанер“.
Како што изјави компанијата која управува со аеродромот, нешто пред 11 часот по локално време во авионот кој слетал на аеродромот Шарлероа, било пријавена дека имало закана за бомба, соопшти компанијата кој е оператор на аеродромот.
„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар , што бара затворање на пистата и суспендирање на сите операции “, стои во соопштението.
Патниците и натаму не се евакуирани, објави локалната телевизија РТЛ, но не прецизираше дали станува збор за патниците од авионот, или за патниците од аеродромот.



