четврток, 12 ноември 2026
Најново

До крај на живот ќе ми стои кнедла во грлото!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кингсли Коман и Орелиен Чуамени беа трагичари во пенал-рулетот на финалето на СП во Катар во кое Франција загуби од Аргентина за прва светска титула по 36 години на „гаучосите“, ама до пеналите трагичар беше и Рандал Коло Муани, кој ја имаше шансата на животот, но Емилијано Мартинез чудесно му го одбрани зицерот.

Аргентина безмалку 80 минути ѝ држеше лекција на Франција, која беше непрепознатлива, па Килијан Мбапе експресно со два гола изнуди продолженија, во кои Лионел Меси повторно ја донесе Аргентина во водство, па Мбапе од пенал израмни и во 120+3-та минута, Коло Муани се најде во шансата на мечот за нова светска круна. Излезе сам пред Мартинез, ама не даде гол. И потоа во рулетот пенали, Аргентинците триумфираа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Првпат после 18 декември, фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт сега проговори за моментот, за кој вели ќе го прогонува цел живот.

Поврзани вести