Иако многу луѓе внимаваат на изборот на храна за појадок, речиси никој не го зема предвид времето кога јаде, а тоа е еден од клучните фактори за ефективно и трајно слабеење.
Повеќето експерти го делат мислењето дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека никогаш не треба да го прескокнуваме и дека е доста важно да го јадеме во слично време, по можност пред 9 часот. Од друга страна, има лекари кои не се согласуваат со оваа констатација. Сепак, д-р Јакубовиќ го сугерира „големиот појадок“.
Што значи тоа?
Имено, професорката Даниела Јакубовиќ од Медицинскиот факултет „TAU Sakler“ во својата книга „The Big Breakfast Diet“ тврди дека појадокот од 600-850 калории пред 9 часот наутро ќе делува како сојузник на метаболизмот и драстично го поттикнува губењето килограми, ќе ги балансира хормоните и согори масните наслаги.
Докторката се залага за реализација на изреката „Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како сиромашен“.
„Обилниот појадок ќе го „запали“ метаболизмот но клучно е појадокот да биде богат со протеини и растителни влакна. Доколку ги следите сите правила на диетата, можете да изгубите до 10 килограми за 30 дена, а во исто време јадете сладолед, пица и храна што другите диети не ги дозволуваат“, изјавила Јакубовиќ, а пренеле express.hr. Во построгата верзија на диетата „Big Breakfast“, за појадок се внесуваат околу 600 калории, а за ручек и вечера до 300 калории, иако постојат и помалку рестриктивни верзии на диетата.
„Многу е важно да појадувате 15 минути по станувањето. Дури и оние кои не се чувствуваат гладни наутро, по две недели ќе се прилагодите и ќе се разбудат гладни“, истакнува Јакубовиќ.
Како изгледа појадокот?
Секој ден започнува со обилен појадок и одвојување најмалку половина час да уживате во истиот. Примерот за појадок кој авторката го посочува се состои од омлет со 3 белки, 50 грама сирење, 50 грама шунка, зеленчук, половина кифла со сирење, житарки со 200 мл млеко, смути од јагоди и чоколаден колач.
Секој ден, појадокот треба да се состои од 7 порции протеини, вклучувајќи 2 порции млечни производи, 2 порции јаглехидрати, 2 порции масти и 1 порција сладок десерт