„До својата 12-та година ниту еднаш не ги миев забите, денес сум возрасен човек и еве како изгледам“

„Моите родители никогаш не ме тераа да ги мијам забите, а резултатот од тоа е ова“.
Рени Декерт денес е возрасен човек, свесен за тоа како функционира светот и како треба да се грижиме за себе. Некои работи сепак ги научил предоцна, на пример да ги мие своите заби секојдневно.
„Родителите никогаш не ме тераа да ги мијам забите. Јас сум најмладиот од осумте деца, така што разбирам зошто повеќе немаа сила да се борат. Така до мојата 12-та година, додека се уште имаа каква-таква контрола врз мене, јас ги миев моите заби можеби еднаш или двапати неделно. Потоа, престанав да ги мијам. Дури неодамна почнав да ги мијам забите затоа што моите наскоро ќе ги заменам со импланти па сакам да имам навика да ги мијам моите заби“.


„Што е резултатот од сето тоа? Ми фалат 11 заби од кои 9 ги извади забарот, а два едноставно отпаднаа. Што се однесува до останатите заби, пет се скршени и имаат дупки, три имаат кариес, а останатите се жолти. Растојанието меѓу забите се зголемува од ден на ден. Забите повеќе не ме ни болат затоа што нервите ми се мртви. Кога некој заб ме боли не е воопшто страшно. Меѓутоа, до пред пет години имав неверојатни болки. Ме болеше и кога џвакав и кога зборував и кога молчев. Имав неколку страшни инфекции. Најлошите болки во животот кои сум ги имал беа поради забите“ – раскажал Рени Декерт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.