Драма во скопско викендов: Оштетено возило на Шумската полиција

Викендов инцидент во скопско Цветово.

Како што информира полицијата, во саботата, во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.50 часот на место викано „Преслап“ кон село Цветово-скопско службени лица од Шумска полиција застанале едно возило натоварено со дрва, по што возачот се дал во бегство. По кратко време пристигнало уште едно возило од кое излегле четири лица при што ги оштетиле службеното возило како и возилото натоварено со дрва, по што го одзеле возилото со дрвата и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: