На денешната прес-конференција во Владата министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари. Станува збор за реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните, вели тој. Со неа се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.
– Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илјади денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 процент од вкупното население, рече Тевдовски.
Освен оваа промена, тој најави зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.
– Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата, истакна министерот за финансии.