четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДУИ: Срамен крај на еден обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба.
Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби.
Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата.
Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите.
Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.
Но надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани.

Поврзани вести