Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека владата издвоила околу 40 милиони евра за мерки за вработување.Тој нагласи дека оперативниот план ќе опфати 16.506 лица. Министерот додаде дека мерката за самовработување е проширена со две, како што нагласи, нови подмерки.„Мерка за поддршка на самовработување која се однесува на невработени лица, со минимум основно образование, за започнување сопствен бизнис. Износот на финансиската поддршка е 7.000 евра, неповратни средства за започнување бизнис, што е за 1.000 евра повеќе од претходната година.“„Иновацијата оваа година е што кај мерките за самовработување за невработени млади лица, до 29 години, износот на финансиската поддршка достигнува 10.000 евра неповратни средства за основање бизнис“, рече меѓу другото Дурмиши.
Дурмиши: 10.000 евра за млади до 29 години кои сакаат да отворат бизнис


