Еве зошто мажите велат за жени „лоши во кревет“! Овие работи ги нервираат до бесвест

Сексуалната компатибилност меѓу партнерите често е тема на разговор, бидејќи она што е лошо за една личност, може да биде фантастично за друга, и обратно. Ви откриваме некои од причините зошто мажите сметаат дека сексот е недоволен квалитет.Мажот кој вистински ја сака својата партнерка никогаш нема да ја критикува нејзината сексуална изведба, бидејќи ваквите коментари повеќе зборуваат за него отколку за неа. Иако постојат различни причини зошто некои мажи веруваат дека „жената е лоша во кревет“, важно е да се разбере дека многу работи зависат од самодовербата, интимноста и меѓусебната доверба во врската.Несигурност на жената во сексот кога е гола Еден од клучните фактори што може да влијае на квалитетот на сексуалниот живот е несигурноста на жената за нејзиниот физички изглед. Многу жени се чувствуваат непријатно да бидат голи пред партнерот, што може да ја намали нивната способност за опуштање и уживање во интимните моменти. Таквата несигурност, особено ако не е поткрепена со љубов и прифаќање од страна на партнерот, може негативно да влијае на сексуалниот однос. Важно е партнерите меѓусебно да бидат опуштени и да се прифаќаат еден со друг со сите свои маани.Блискост во врската Исто така, интимноста и блискоста се клучни за здрава врска. Сексот не е само физички чин, туку резултат на меѓусебна блискост и емоционална поврзаност. Ако партнерите избегнуваат искрени гестови како прегратки, бакнежи или изразување на наклонетост, тоа може да доведе до проблеми во нивниот сексуален живот. Здравата врска се заснова на секојдневна интимност која не може да се ограничи само на спалната соба.Занемарен физички изглед Во долготрајните врски, партнерите понекогаш го занемаруваат својот физички изглед, што може негативно да влијае на нивната самодоверба. Иако не е неопходно да бидете целосно негувани секој ден, повремено инвестирањето во себе и вашиот изглед може да помогне повторно да се разгори страста што беше присутна на почетокот на врската. Освен тоа, занемарениот изглед може да доведе до пад на самодовербата, што често се одразува и на сексуалниот живот.На крајот на краиштата, сексот треба да биде спонтан израз на взаемна желба и привлечност, а не нешто што го чека „вистинското“ расположение. Работете заедно, поставете ја сцената, допирајте, комуницирајте и не чекајте работите да се случат сами.Некои мажи наведуваат конкретни работи што ги мачат кај жените за време на сексот. Тие вклучуваат пасивност, недостаток на реакција или повратна информација и глумење уживање.Исто така, многумина се согласуваат дека не им се допаѓа кога партнерот ги споредува со бившиот, или кога нема доволно комуникација за време на интимните моменти.Конечно, важно е партнерите да бидат искрени и отворени, прифаќајќи се еден со друг со сите свои предности и слабости.

Пронајдете не на следниве мрежи: