Црвен џемпер во доба на празници. Дали можете да му одолеете?
Дали сте знаеле дека црвената боја е прва боја која мозокот ја регистрира? И не е ни чудно, со оглед дека таа никого не остава рамнодушен.
View this post on Instagram
Симболизира енергија, страст, сексуалност, живот. Таа ги буди најинтензивните чувства, го забрзува работењето на срцето и дишењето, ги стимулира мускулите и излачува адреналин. Но, таа е симбол и на среќата! Токму затоа, не е ни чудно што стана заштитен знак на католичкиот Божиќ и Нова година.
View this post on Instagram
Тоа е одговор на прашањето зошто во декември сè е црвено и зошто модните колекции имаат секогаш по некој моден детаљ баш во оваа боја. Една од омилените работи на која дефинитивно никој не можее да одолее кога нѝ се наближуваат празниците кон крајот на годината е црвениот џемпер.
View this post on Instagram
Ова модно парче, се разбира го носиме и без оглед на периодот од годината, но мора да признаеме дека сепак околу новогодишните празници нѝ е најдраго.
View this post on Instagram
Тој лесно се комбинира. Го носиме со омилените патики, но и со штикли, со убави здолништа и фармерки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.