Еве како да направите чоколадни јајца за најмалите!

Велигден е празник на кој најмногу се радуваат децата. Како би ја зголемиле нивната среќа уште повеќе, направете им чоколадни јајца од здрави состојки и без додаток на разни адитиви.
Состојки: 100 гр какао путер, 90 гр какао во прав, цимет, 4 лажици мед, јаткасти плодови, ванила, малку сол
Начин на подготовка: За правењето на чоколадни јајца ќе ви биде потребен калап. Ако немате, можете да го направите сами – пресечете пластично јајце по должина на половина, измијте го и имате калап.
Во поголем лонец загрејте вода до вриење, па во него ставете помал лонец, водејќи сметка со дното да не ја допира врелата вода.
Во помалиот лонец растопете какао путер, додајте какао, мед, цимет и ванила. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
Подгответе калапи за чоколадни јајца. Кога ќе ги наполните, ќе добиете рамна површина која ќе можете да ја украсите со јаткасти плодови.
Декорираните јајца ставете ги во фрижидер да стегнат.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.