Потребни ви се само неколку состојки од кујната и нема да имате проблеми со комарците
Комарците знаат како да ги претворат нашите животи во „пекол“. Убавото време е тука и ги има сè повеќе, па затоа е добро да ги знаете овие трикови. Овие се целосно природни средства, а веројатно веќе ги имате сите состојки за подготовка.
Мирисна течност што ја мразат комарците
Направете ја оваа течност, ставете во сад, ставете мала свеќа што може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.
Ќе ви требаат:
2 лимони
2 лиметинеколку гранчиња рузмарин
8-10 капки есенцијално масло од еукалиптус
малку вода
плитачка свеќа
Постапка:
Многу е едноставно. Во мала чаша ставете вода, лимон, лимета и рузмарин. Додадете еукалиптус и поставете пловечка свеќа на врвот.
Каранфилчето и лимонот се спас од овие крвопијци
Преполовете неколку лимони или лимети и избоцкајте околу 10 каранфилчиња во центарот. Наредете го лимонот по станот, каде поминувате најмногу време, и тоа е тоа.
Мириси за кои е докажано дека одбиваат комарци
На комарците не им одговара мирисот на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, маче трева, еукалиптус … И сув талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин да зовриете во вода и, на крај, можете да користите и етерични масла.