Еве која е рекордната брзина фатена со камерите на „Сејф сити“

Камерите од системот „Сејф сити“ веќе го регистрираа рекордот во екстремно брзо возење. Податоците собрани во првите три дена од пробното функционирање на системот ја потврдуваат оправданоста од неговото воведување, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот.

МВР информираше дека во текот на вчерашниот ден, за само 12 часа се регистрирани 22 600 прекршоци, од кои речиси 95 отсто односно 21 400 се за пречекорување на брзината.

Најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

Пронајдете не на следниве мрежи: