четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЕВН Хоум повторно избран да ги снабдува домаќинствата со струја, паѓа и профитната маржа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЕкономијаТоп вести

ЕВН ХОУМ повторно избран да биде нов Универзален снабдувач  за Македонија, објавија повеке медиуми
Според, информациите аукцијата е завршена. Ова  би значело  дека и во следните пет години ЕВН ХОУМ како и до сега ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија.  Намалена е и профитната маржа, изнезува  9.9 проценти,  1, 6 отсто пониска од сегашната.  Но, останува да се види дали ова ќе влијае на намалување на цената на струјата.
Сепак, нема информација кој се учествувал на јавното наддавање и дали и другите заинтересирани ги исполнувале условите за да бидат присутни.
Според, информациите ЕСМ Продажба и ЕДС, фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ исто така беа заинтересирани да бидат Универзален снабдувач.
Извештајот од денешната аукција, Владата ќе го разгледува на некоја наредна седница.
Новиот Универзален снабдувач, улогата ќе ја преземе во јуни.

Поврзани вести