Атрактивната претставничка на Израел на овогодинешната Евровизија Ноа Кирел беше прогласена за една од најзгодните и најубавите претставнички од страна на фановите ширум Европа.
Таа го освој високото трето место во саботното финале, а со својата песна „Unicorn“ буквално ја полуди Европа.
Таа целата вечер се наоѓаше на врвот од табелата, но поради гласовите од публиката падна на третото место, а повеќе од неа на публиката и се допаднаа песните на Финска и Шведска.
Бројни изведувачи оваа година имаат интересни биографии, на пример победничката Лорин учествувала во „Идол“, додека претставничката на Израел верувале или не служела војска.
Таа во својата родна земја кога наполнила 18 години го отслужила воениот рок иако тогаш веќе била пејачка и имала кариера зад себе.
-Не е лесно, но имам нешто автентично во сето тоа. Ми беше драго што бев таму, бев како секој друг регрут. Ми наредуваа и морав да работам нормални работи кога бев во војска, на пример да ги чистам тоалетите, изјавила во една прилика таа.