четврток, 12 ноември 2026
Најново

Евростат: Во Македонија има најевтина храна споредбено со Европа!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цените на храната во Македонија се најниски споредбено со државите на  Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а најновите податоци на Евростат покажуваат каде купувањето е најповолно, а каде најмногу ќе го оптоварите куќниот буџет.

Храната претставува еден од најголемите трошоци за европските домаќинства, со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во Европската Унија, додека во земји како Романија овој удел се зголемува на 20%. Споредбата на цените се базира на индексот на Евростат, каде што просечната цена на кошничката за храна во ЕУ е 100. Вредност над 100 означува повисоки цени од просекот, додека вредност под 100 означува поповолни цени.
Според податоците, Швајцарија е убедливо најскапа земја со индекс од 161,1, што значи дека цените на храната се повисоки за 61,1% од просекот на ЕУ. По неа следат Исланд (146,3) и Норвешка (130,6).

Во рамките на земјите членки на ЕУ, жителите на Луксембург мораат најмногу да одвојуваат за храна, каде цените се за 25,7% повисоки од просекот, додека во Романија е најевтина.
Меѓу најголемите економии на ЕУ, цените во Германија и Италија се малку над просекот, додека Франција е значително поскапа. Шпанија, од друга страна, е за 5,4% поевтина од просекот на ЕУ.
Ниските цени на храната се карактеристични за Југоисточна Европа и Западен Балкан, а Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија се исто така значително под просекот.
Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа. Стандардната потрошувачка кошничка изнесува 73 евра, што е 27% поевтино од просекот во ЕУ.
Извор: Euronews

Поврзани вести