четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еден знак укажува дека детето е емоционално запоставено

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Емоционалното запоставување во детството се случува кога родителите, свесно или несвесно, ги занемаруваат емоциите и емоционалните потреби на детето. Односно, го негираат нивното постоење.

Според Psychology Today, тоа првенствено се однесува на родителите кои не забележуваат што чувствува нивното дете, никогаш не го прашуваат за нивните емоции и не се поврзуваат со нив на емотивно ниво.
Истражувањата покажаа дека емоционалното запоставување во семејството доведува до низа штетни последици за детето, како што се пониски перформанси во училиште, проблеми со односите со другите луѓе, склоност кон депресија и анксиозност и губење на интерес за активности и хоби кои детето некогаш уживало.

Најголем проблем е фактот што, за разлика од физичкото малтретирање или запоставување, емоционалното запоставување не е лесно да се забележи. Сепак, психолозите тврдат дека речиси кај секое дете кое било емоционално запоставено на било кој начин постои еден знак, а тој се однесува на изразувањето на емоциите.
Имено, детето кое е емотивно запоставено дома ќе има проблеми со изразување на емоциите, бидејќи неговите родители најчесто несвесно преку родителството го убедувале дека неговите чувства не се ниту важни ниту валидни. Таквите деца, објаснуваат психолозите, често се повлечени, ладни и незаинтересирани за околината.

Поврзани вести